Магазин 25. декември 2020. / 11:09

Мицкоски честиташе Божиќ на католиците

Мицкоски честиташе Божиќ на католиците

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот Христијански празник – Божиќ на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар, се вели во честитката по повод празникот Рожденство Христово Божик, до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите припадници на Католичката црква и до сите Христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Мицкоски во честитката пишува:

Христовото раѓање е нова надеж за светот, тој донесе светлина и иднина.

Овој голем празник нека донесе мир, спокој и радост во Вашите домови.

Оваа година Божиќ го празнуваме во посебни услови. Пандемијата кој го обзема светот е се уште присутна. Во овие тешки моменти за човештвото воопшто да се потсетиме и да ги применуваме Христијанските вредности, како толеранцијата, искреноста, љубовта кон ближниот, да си подадеме рака и заедно да ги пребродиме искушенијата. Но пред се да знаеме дека преку вербата се пребродуваат и најтешките искушенија. Нека Христос ни го осветли патот и ни го покаже правецот.

Христос се роди! Среќен Божиќ!