Магазин 21. август 2019. / 10:26

Мечка уби музичар

Мечка уби музичар

Музичарот Џулијен Готијар, кој патувал по реката Мекензи во Канада, го нападнало и убило гризли, пренесува Би-Би-Си. Музичарот кој патувал за да ги снима звуците од природата за свој проект, ѕверот го нападнал и го убил на спиење.

Биологот Ками Тоскани, кој патувал со Готијар (44) ги контактирал локалните власти и рекол дека неговиот пријател на сред ноќ го одвлекла мечка. Заради лошите временски услови канадската полиција испратила хеликоптер следниот ден и го пронашла неговото тело.

Симфонискиот оркестар „Британи Симфони оркестра“, за кој Готијар работел како композитор му одаде почит, соопштувајќи дека се работи за чувствителен, великодушен и талентиран човек, кој бил многу интелигентен и со чувство за авантура.