Александар Манев, актуелен директор на Кроација осигурување е гостин во денешното издание на емисијата „Лидер на неделата“ е Александар Манев.
Познат под прекарот Алек Фактор вели дека иако му е драга траа референца сепак фокусот на неговите напори е во нова приказна.
Тој се надоврза на најавата на емисијата дека – Секој може да биде шеф ретко кој може да биде лидер, и вели дека сите мислат дека можат да бидат лидери, но праксата покажала дека тоа се луѓе коишто се поставени на некои позиции кои во суштина немаат некои елементарни квалитети.
„Лидерот треба да биде човек којшто вродено ги има квалитетите за лидер, а тоа е пред се човек кој има визија, кој знае да ја пренесе таа визија на луѓето коишто непосредно професионално го опкружуваат. Сведоци сме дека за жал секакви луѓе поставуваат на позиции, не сите од нив се и лидери“, додава Манев.
Тој вели дека сам на себи си е најголем критичар, но и луѓето кои го опкружуваат веруваат дека очигледно има некои квалитети и препознаваат во него визија.
„Лидер се гради“, смета Манев