Македонија е најпребарувана локација поврзана на наградите Оскар во моментов на Гугл, што се должи на „Медена земја“, кој е номиниран во две категории.
-Северна Македонија, татковината на номинираниот за Оскар, „Медена земја“ е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите, се наведува во твитот на „Твитер“ налогот на „Гугл трендс“.
— HONEYLAND (@HoneylandDoc) February 6, 2020
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар.