Магазин 15. октомври 2019. / 10:12

Мајмунски крици на расна основа и фашистички поздрав од бугарските навивачи за време на мечот со Англија

Мајмунски крици на расна основа и фашистички поздрав од бугарските навивачи за време на мечот со Англија

Квалификацискиот меч меѓу Бугарија и Англија на двапати беше прекинуван откако домашните фанови со мајмунски крици на расна основа ги навредуваат дел од гостинските играчи. Тие не само што ги игнорираа барањата на организаторот да прекинат, туку со фашистички поздрав го потврдуваа нивниот став.

Ниту апелот на капитенот на бугарската репрезентацијата, Ивелин Попов, не придонесе целосно да прекинат непримерните повици од трибините.

УЕФА сигурно ќе реагира на ваквото однесување на бугарските навивачи кое е оценето како шокантно, Бугарија ќе добие казна, а се очекува таа да биде и ригорозна.

Инаку Англија на гостувањето славеше со 6 погодоци,а головите ги постигнаа, Рахим Стерлинг и Рос Баркли по два, Рашфорд и Хари Кејн по еден.