Жената чиј сопруг беше обвинет за силување и давење до смрт на нивната шестгодишна ќерка, никогаш не се опоравила од трагедијата и починала од последици на траума и скршено срце.
Дваесет и седумгодишната Ана Зубко од Ростов била во тешка депресија по трагедијата која му се случила на нејзиното семејство.
Пред шест месеци, нејзиниот сопруг, 28-годишниот Јарослав Олеиников, наводно ја силувал и убил нивната шестгодишна ќерка Вероника.
Безживотното тело на Вероника било пронајдено обесено во дворот, заедно со нејзината омилена играчка замотана околу нејзиниот врат.
Судско-медицинскиот преглед покажал оти Вероника била неколку пати силувана пред да биде задавена и обесена.
Олеиников бил уапсен и одведен во притвор. Обвинет е за силување и убиство.
Ана починала шест месеци по смртта на ќерката.