Магазин 28. мај 2020. / 10:34

Лошото време го одложи лансирањето на ракетата на „СпејсИкс“ 

Лошото време го одложи лансирањето на ракетата на „СпејсИкс“ 

Лансирањето на вселенскиот брод  „Кру драгон“ синоќа беше  одложено поради лошите временски услови и е презакажано за в сабота.

Ракетата на компанијата „СпејсИкс“ треба да ја превезе капсулата со двајца американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен, на Меѓународната вселенска станица.

Тоа е прво американско ласнирање на ракета од американска територија со човечки екипаж после девет години пауза. Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога Агенцијата во вселената го прати својот последен вселенски брод „Атлантис“.