Магазин 03. април 2019. / 18:34

Легендарниот Пеле пренесен во болница

Легендарниот Пеле пренесен во болница

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле, доцна синоќа е примен во болница во Париз, откако претходно присуствуваше на промотивен настан заедно со Килиан Мбапе.

Како што пренесува Радио Монте Карло, 78-годишната легенда на фудбалот во болницата бил примен со висока температура и имал дополнителни испитувања поради претпазливост, но се верува дека не е животно загрозен.

Претходно Пеле и Мбапе се сретнаа на маркетиншка манифестација во Париз. Новинарите уживаа во споредбите, двајцата се наполнија со комплименти, а Пеле истакна дека Мбапе е легитимен наследник на Меси и Роналдо, кои доминираат со светскиот фудбал.

Пеле е трикратен освојувач на Светските првенства, во 1958 година беше стрелец на два гола во финалето против Шведска, а потоа ги освои шампионските титули во 1962 и 1970 година.