Магазин 21. јули 2020. / 13:27

Концерт за деца во Прилеп: Извонредно другарување со професионални музичари

Концерт за деца во Прилеп: Извонредно другарување со професионални музичари

За прв пат во Прилеп, пред ЦК „Марко Цепенков“ се одржа многу поинаков интерактивен концерт за деца насловен “Музичко другарување”.

Професионалните музичари ја побудија фантазијата кај децата низ музика и игра, за што на крајот го добија заслужениот аплауз.

Концертот „Музичко другарување“ имаше едукативен карактер со кој беа опфатени актуелни теми за чување на здравјето и бонтон однесувањето.

Целта на Триангл и на ЦК „Марко Цепенков“, за приближување на музиката и едуцирање на најмладите беше постигната благодарение на тимот – режисерот Десанка Глигоријевиќ, Симона Петровски (оперски пејач), Андреј Наунов (пијанист) и Јане Дунимаглоски (оперски пејач, гитара, мандолина).

Концертот беше извонредно конципиран согласно протоколите за лична заштита. Интеракцијата меѓу учесниците и најмладите од самото место на седење беше одлична.