Магазин 21. септември 2019. / 11:39

Колони на Табановце – се чека по два часа за излез од Македонија

Колони на Табановце – се чека по два часа за излез од Македонија
Tabanovce

Километарски колини има на граничниот премин „Табановце“ каде што за излез од Македонија се чека скоро два часа.

Пред неполн месец почна да функционира на заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево, каде што сега границата се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Македонија и од Србија, со проектот за интегрирано гранично управување „Уан стоп шоп“.

Но, во реалност интегрираното гранично управување (не)функционира, па така се прават долги колони, се губи трпението на патниците, а сè требаше да биде поинаку.