Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Коби Брајант, загинал во хеликоптерска несреќа, јавуваат американските медиуми.
Според првичните извештаи, Брајант бил еден од четворицата патници пто патувале во неговиот приватен хеликоптер кога леталото се запалило над калифорнискиот град Калабасас. Поради пожарот, хеликоптерот почнал неконтролирано да се врти по што се урнал на тлото.
Во несреќата немало преживеани.
Меѓу загинатите не се наоѓала неговата сопруга Ванеса.
Брајант (41) во текот на 20 години играше за Лос Анџеле лејкерс, со кои освои пет шампионски титули во НБА лигата, а 18 патри беше дел од Ол Стар тимовите.
Освен НБА титулите, Брајант со репрезентацијата на САД има две олимписки злата и еден златен медал на Светските првенства.