Магазин 10. мај 2020. / 16:15

Кичевци од Америка делат хуманитарна помош за родниот град

Кичевци од Америка делат хуманитарна помош за  родниот град

Здружението на кичевци „Ускана“ е координатор на иницијативата поддржана од многу луѓе со потекло од Кичево кои живеат и работат во САД, да им помагаат на социјално загрозени семејства кои имаат потреба во Кичево и околните места, со пакети со храна во овие тешки денови што ги минуваме од пандемијата со коронавирусот. За таа намена собрани се 8.000 американски долари.

-И овој пат кичевската солидарност не изостана и тие решија навистина да им помогнат на семејствата кои се во тешка економска состојба со помош вредна 8.000 американски долари, изјави координаторот на оваа хуманитарна помош Башким Бајрами .

Тој додаде дека сонародниците од Америка му довериле да биде носител на оваа акција во Кичево.

-Во координација со локалните заедници ќе се обидеме да направиме пакетите навистина да одат кај сиромашните семејства , рече Бајрами и нагласи дека над 200 паети со храна и хигиенски средства ќе бидат дистрибуирани до луѓето и семејствата од Кичево и околните места кои имаат потреба за тоа.