Магазин 24. јуни 2020. / 10:14

(ВИДЕО) Камион натоварен со багер урнал мост во Индија

(ВИДЕО) Камион натоварен со багер урнал мост во Индија

Камион натоварен со багер урнал мост во северниот дел на Индија, на 50 километри од границата со Кина, соопшти The Times of India. Багерот бил користен за изградба на пат во реонот.

Според полицијата, возачот на камионот бил предупреден да не го минува мостот, но тој не ја послушал. Мостот не ја издржал тежината на камионот натоварен со багерот и малку пред да стигне на другиот крај од преминот, двете тешки возила заедно со мостот се урнале во провалијата.

Мостот бил изграден во 2019 година и бил проектиран да издржи 18 тони. Меѓутоа, камионот заедно со багерот тежеле 26 тони. Возачите на камионот и на багерот го преживеале инцидентот, но се здобиле со тешки повреди.