Магазин 25. април 2020. / 11:00

Излекуваните пациенти од болниците во Њујорк ги отпуштаат со Битлси, Ју-Ту, Полис

Излекуваните пациенти од болниците во Њујорк ги отпуштаат со Битлси, Ју-Ту, Полис

Во њујоршката болница Монтефјоре, но и во некои други, излекуваните пациенти ги испраќат дома со музика од Битлси, нумери од филмот Роки, Ју-Ту…

Пациентот Марк Шварц секојдневно се прашувал зошто повремено во неодредено време од денот ги слуша Битлси.

– Долго не можев да разберам, повремено во текот на денот одненадеж секој пат во различно време, во болницата ќе се слушнеше песна. Секој ден се прашував зошто, изјави Шварц на 54 годишна возраст.

Кога конечно дошло време Шварц да замине дома се слушнале Битлси и „Here Comes the Sun” низ болничките ходници… овој пат тоа било заради него – оздравел.

Химните како оваа, или “Every breath you take”, “Eye of the Tiger”,  нумерите од „Роки“ станале болнички химни ширум Њујорк со кои болничкиот персонал ја прославува секоја победа во борбата против корона вирусот.