Магазин 15. март 2021. / 15:24

Граѓаните преку петиција бараат Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија

Граѓаните преку петиција бараат Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија

Деновиве не спласнува прашината околу годинашниот македонски претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

По бурните реакции за спотот на песната „Here I stand“, беше објавено дека спотот за пената ќе се менува.

Но, проблемите за Гарванлиев продолжија откако тој откри дека освен македонски има и бугарски пасош, бидејќи баба му била по потекло од Бугарија и имал далечни роднини таму. За себе вели дека е роден во Струмица, која како што вели се наоѓа од „другата страна на земјата“.

Во моментов кружат две петиции, а во првата има и барање – Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.