Магазин 30. јануари 2019. / 23:03

Фрчкоски стана декан во универзитетот на Цаноски

Фрчкоски стана декан во универзитетот на Цаноски

Професорот Љубомир Фрчкоски стана декан на правно-политички науки на Универзитетот ФОН на Цаноски.

Север Цаноски за ова се пофали на Фејсбук.

-Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи, Современи политички теории и др.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.
Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март.
Нека е среќно и многу успеси ! – стои во неговата објава на Фејсбук.