Македонските ракометари ја избришаа претставката Северна на името на тимскиот автобус со кој се возат на Европското првенство (ЕП) во Австрија.
Претходно тоа го стори македонскиот голман Борко Ристовски кога на подготовките во Словенија ја покри Северна пред името на нашата држава.
Сега на автобусот си пишува само „Тим Македонија“, како што тоа беше случај на сите првенства досега.