Неодамна светскиот портал Бриџсајд ја сместил хрватската претседателска Колинда Грабар Китаровиќ во една многу интересна листа.
Тие направиле список од 16 згодни жени кои се влијателни во светот на дипломатијата и политиката, а потоа ги објавиле нивните фотографии во костими за капење.
На листата се нашле светски познатите принцези, првите дами и политичарки, меѓу кои Меланија Трамп, Меган Маркл, Хилари Колинтон.
Иако многумина посакаа да ја видат Колинда во костим за капење, следеше разочарување, бидејќи на фотографијата всушност не е таа, туку друга госпоѓа која многу потсетува на хрватската претседателка.