Магазин 13. јули 2019. / 21:21

(ФОТО) Руските комичари имаат издадено и книга за сите измамени политичари

(ФОТО) Руските комичари имаат издадено и книга за сите измамени политичари

Руските комичари, со уметнички имиња Вован и Лексус, имаат издадено и книга во која се опишани сите измани што им ги направиле на светските политичари изминативе години. Книгата во оригинал се вика „По ком звонит телефон“, односно „Кому му ѕвони телефонот“.

Книгата чини 35 долари и може да се нарача на интернет. Покрај интересните приказни има и аудио разговори со измаментите лидери.

Досега на нивните шеги наседнаа Зоран Заев, Рамуш Харадинај, Федерика Могерини, Хуан Гваидо, Жан Клод Јункер, Ердоган, Мило Ѓукановиќ, Макрон… и многу други политичари. Но од сите наброени државници само на премерот Зоран Заев му требале дури 9 месеци да разбере дека бил предмет на зафркација, и тоа откако медиумите во Македонија објавија за руските пранкери.