Магазин 19. јануари 2019. / 17:13

(ФОТО) Млад боксер филмски убиен од мафијаши

(ФОТО) Млад боксер филмски убиен од мафијаши

Младиот англиски боксер Том Бел загина во болница откако беше ранет во пукање во семејниот паб во Донкастер.

Според британските медиуми, 21-годишниот боксер бил убиен од мафијаши.

Според сведоците, Том Бел бил опкружен со пријателите пред непознати лица да започнат да пукаат од автомобил и смртно да го ранат преку стаклото на пабот.

Полицијата покренала истрага, а во меѓувреме пронајдено е возилото од кое е пукано. Инспекторите веруваат дека БМВ-то пронајдено на неколку километри од местото на злосторството било користено од убијците.

Најверојатно Бел, кој бил перспективен боксер, бил вмешан во работи со припадници на подземјето, пренесува Дејли Мејл.