Магазин 20. јули 2019. / 12:02

(ФОТО) Мицкоски го искачи Пелистер

(ФОТО) Мицкоски го искачи Пелистер

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го искачи највисокиот врв на Баба Планина – Пелистер.

Мицкоски заедно со партиски поддржувачи се искачија на 2601м и ги вееја знамињата на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја избраа маршутата позната- по врвови, па така преку врвовите Стив и Илинден стигнаа на Пелистер.

– Стив, Илинден и конечно Пелистер, Битола, Република Македонија ??
Наместо трка на 100 метри, одбирам маратон, за стигнување до целта и финална победа.
“На планините на висината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите сили за да може да се искачите повисоко утре” Фридрих Ниче. – напиша Мицкоски на Фејсбук.