Магазин 06. февруари 2019. / 10:24

(ФОТО) Ќе ви се насолзат очите: Сестрата на Сала објави емотивна фотографија

(ФОТО) Ќе ви се насолзат очите: Сестрата на Сала објави емотивна фотографија

Во неделата беше пронајден дел од авионот во кој фудбалерот Емилијано Сала патувал во нови победи.

Аргентинецот требаше да игра во дресот на Кардиф, но не успеа да стигне до Велика Британија.

Авионот во кој се наоѓаше падна, а потрагата по истиот траеше со недели.

Откриено е дека на местото каде пронашле дел од авионот имало и тело, а денеска би требало да се утврди дали тоа е телото на настраданиот фубдлаер или пилотот Дејвид Иботсон.

Неодамна на Инстаграм се огласи и сестрата на фудбалерот, Ромина која објави емотивна фотографија. Имено, таа сподели фотографија од кучето Нала кое седи покрај стаклената врата и трпеливо го чека својот господар да си дојде дома.

-И Нала исто така те чека. – напиша Ромина во опис на фотографијата.