Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на штандовите на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, по повод годишнината на универзитетот.
При посетата на еден од штандовите Заев одлучи да си го измери крвниот притисок, а резултатите ги соопшти на Фејсбук.
Според податоците неговиот притисок е нормален, 120/80 милиметри живен столб.
– Студентските години се најдобрите времиња кога стекнатото знаење и новите пријателства градат спомени, на кои ќе се навраќаме целиот наш живот. Големи перспективи се отвораат за младите во државата.
Денеска, при посетата на штандовите на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, им ја честитав годишнината и им посакав на сите, на професорите, на студентите и на сите вработени во универзитетот успешни идни години како академска средина која секогаш ќе се стреми да ги проширува академските хоризонти.
Им благодарам на ректорот на, проф. д-р Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски за гостопримството. – напиша Заев на Фејсбук.