На зградата на Европскиот парламент се појави знамето на Истра, што предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.
На фотографијата се гледа знамето на Истра закачено на еден од прозорците на зградата на Европскиот парламент.
Тоа го прокоментирал и хрватскиот европарламентарец од редовите на истарската демократска партија, Иван Јаковчиќ, кој напишал: „Истарското знаме на зградата на Европскиот парламент! Home sweet home”.
Некои од коментарите на социјалните мрежи биле и „Автономија веднаш! Но што ни остана после хрватската ‘приватизација’“, „Наша коза“, и многу други.