Легендата на српската народна музика 68 годишниот Шабан Шаулиќ денеска загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Оваа трагична информација за „Новости“ ја пренел зетот на Шабан Шаулиќ, Бата Мирковиќ.
Шаулиќ со автомобил тргнал кон аеродромот кога се случила несреќата. Инаку, автомобилот не го возел Шабан Шаулиќ туку друг човек. Се наведува дека во истиот автомобил бил и купот на популарниот пејач кој е тешко повреден во несреќата.
Несреќата се случила во околината на Билефелд каде Шаулиќ имал настап.
– Спасувачката служба добила повик утрово околу 6:50, дека на автопатот А2 кон Дортмунд се случила тешка сообраќајка во која учествувале две возила. – пишува Вестфален-блат.де.
По сообраќајната несреќа Шабан Шаулиќ итно бил пренесен во болница , каде и починал.