Карираното црно-бело знаменце, од следната сезона, повторно ќе биде сигнал дека една трка во Формула 1 шампионатот е завршена.
За сезоната што штотуку заврши, Светската автомобилска асоцијација, ФИА, одлучи крајот на трките да сер означува со светлосен панел, но тоа донесе повеќе полемики отколку реално подобрување.
Проблеми имаше особено во Јапонија, кога грешка во системот означи крај на трката на еден круг до крајот, но возачите продолжија да возат и знаеја дека работата не е завршена.
Сега на состанокот на ФИА одлучено е да се врати црно-белото знаме како дефинитивен сигнал.
И во 2019 година имаше знаме, но светлосниот панел беше официјалниот сигнал дека трката е завршена.