Магазин 25. јануари 2019. / 14:27

Филипче смета дека докторката што си замина од Македонија греши

Филипче смета дека докторката што си замина од Македонија греши

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека лекарката што замина на Хвар, во гратчето Суќурај, а за која многу се пишуваше во медиумите не направила добар избор, иако освен плата и стан, добила и годишен бонус од 6.800 евра.

-Мислам дека начинот не е добар, и веднаш ќе ви објаснам зошто сметам дека не е добар. Станува збор за многу мало место. Ја прочитав објавената сторија, меѓутоа станува збор за некое место кое има многу мал број на жители. Практично капацитетот на таа докторка нема да биде искористен, затоа што нема фреквенција на давање на медицинска услуга. -изјави министерот Филипче денеска.