Магазин 08. декември 2020. / 14:46

ФИФА ги зголеми премиите: Македонија ќе заработи 12 милиони долари ако се пласира на Мундијалот

ФИФА ги зголеми премиите: Македонија ќе заработи 12 милиони долари ако се пласира на Мундијалот

Светската фудбалска федерација ФИФА ги зголеми премиите за следниот Мундијал во Катар 2022 година.

Така победникот на турнирот ќе заработи 50 милиони долари, плус дополнителни 10 милиони долари за пласман, и дополнителни два милиони за подготовките.

Тоа значи дека сите учесници ќе заработат минимум 12 милиони долари, сума до која може да дојде Македонија ако се пласира на Мундијалот.

За потсетување дека вчера беше ждрепката, а таа ни ги додели Германија, Исланд, Романија, Ерменија и Лихтенштајн во квалификациите за пласман на СП.