Магазин 17. ноември 2019. / 23:15

Ештон Качер нема да им го остави цело наследство на децата

Ештон Качер нема да им го остави цело наследство на децата

Ештон Качер и Мила Кунис веруваат во напорна работа и затоа немаат намера да им го остават цело наследство на децата.

Двојката е заедно од 2012 година, и се в брак од 2015. Тие го чуваат својот живот далеку од очите на јавноста, па и ретко ги покажуваат синовите пред фотоапаратите.

За порталот „Армчер експерт“, Ештон појасни зошто неговите синови нема да наследат ништо.

– Децата мои живеат привилегиран живот, без да го знаат тоа. И никогаш нема да го сфатат, освен ако не им оставам ништо. Ќе ги оставиме сите пари на добротворни организации – истакна актерот.

Тој сепак, додаде дека ќе инвестира во проекти за иднината на своите деца.