Магазин 15. септември 2019. / 20:37

Димитров конечно го запозна Раул Гонзалес

Димитров конечно го запозна Раул Гонзалес

Раул Гонзалес со семејството дојде на приемот во амбасадата во Париз за одбележување на 8 септември, објави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Го немав лично запознато претходно. Прекрасен човек. – напиша Димитров на Фејсбук.

Гонзалес или Ел Команданте беше долги години на чело на ракометниот шампион Вардар и на репрезентацијата на Македонија.