Магазин 21. јуни 2020. / 20:12

Д-р Балевски: Во охридската Општа болница има уште три слободни кревети

Д-р Балевски: Во охридската Општа болница има уште три слободни кревети

Во охридската Општа болница има уште три слободни кревети за прием на пациенти позитивни или суспектни на COVID-19, информира за „Супер радио“ и „OhridPress“ директорот д-р Горан Балевски.

На Инфективното одделение во моментов има 16 пациенти позитивни на коронавирус.

Капацитетот на легла на Инфективното одделение е 18, со преадаптација и на други одделение стигнавме до капацитет да можеме да примиме 25 пациенти. Во моментов во болницата се слободни уште три кревети. За сомнителните случаи се обезбедени посебни услови согласно протоколите и насоките кои ни се дадени, вели д-р Балески.

Од минатата недела поради исполнетоста на болничките капацитети во битолската болница, која беше регионален центар, пациенти од Охрид и околината се примаат на Инфективното одделение во охридската болница.