Македонија е втора по загаденост со ПМ 2,5 честички на метар кубен, покажува ранг-листата на загаденост на земјите во Европа.
На прво место по загаденост е Босна и Херцеговина, а позади Македонија се Косово, Бугарија, Србија итн.
Експертите и понатаму советуваат дека мора да се превземат некои радикални мерки со цел да се намали загаденоста. Се огласија и загрижени граѓани.
-Втора најзагадена држава во Европа е Македонија. Што се случува? Диви депонии, нови рудници, откопи, мали хидроцентрали, увезен отпад од оние западњацине кои за луѓе не не сметаат? Толку убава беше Македонија, прекрасна природа, чиста вода, една мала грутка земја во отров ја претворивте поради провизии, лични профити, глупаци! Големите луѓе знаат да кажат НЕ, малите си мислат на провизиите-, беше коментарот на загрижена граѓанка на Фејсбук.