Магазин 13. јануари 2021. / 21:14

Чак Норис негира дека бил пред Капитол Хил за време на немирите во Вашингтон

Чак Норис негира дека бил пред Капитол Хил за време на немирите во Вашингтон

Американскиот актер Чак Норис негира дека учествувал на митингот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на 6 јануари.

Тој во твит напиша дека неодамна дознал дека за време на немирите во Капитол имал двојник.

-Не бев јас таму. Во нашето општество нема место за насилство од каков било вид. Отсекогаш се придржував и ќе го одржувам редот и законот. Вашиот пријател Чак Норис, пишува во твитот.

Претходно, на социјалните мрежи се споделуваше фотографија од човек кој личи на Норис, фотографиран на митингот на приврзаниците на Доналд Трамп во Вашингтон, кој заврши со нереди во Капитол.

Менаџерот на актерот, Ерик Крицер, за Асошиејтед Прес изјави дека Чак Норис во моментов е на неговиот ранч во Тексас. Крицер призна дека лицето на фотографијата изгледа како актерот, но, според него, „Чак е многу поубав“.