Брачниот пар Ајрула и Габриела Куртов Гудер донираа возило „пежо партнер“ на Народната кујна од општина Конче, која секој ден подготвува и доставува топол оброк на 70 лица во општината и околните села.
Ајрула Куртов потекнува од Конче, а со донираното возило општина Конче го реши проблемот со досегашното дотраено возило.
Возилото е донесено во Конче и со регулирање на потребната документација ќе биде ставено во функција и на располагање на ЈП „Лакавица“ која со него ќе врши транспорт на топлите оброци. Инаку, овој брачен пар претходно донираше и рачен алат за потребите на комуналното претпријатие во општина Конче.