Магазин 08. април 2020. / 11:31

Битолскиот народен театар подари 300 заштитни маски во Клиничка болница-Битола

Битолскиот народен театар подари 300 заштитни маски во Клиничка болница-Битола

Професионалните шивачи вработени во НУ Народен театар-Битола изработија и подарија 300 заштитни маски.

Шивачите од битолскиот театар заштитните маски ги подготвувале неколку денови за како што посочуваат на белите мантили да им го честитаат Светскиот ден на здравствените работници и ги охрабрат во борбата против корона вирусот.

Во меѓувреме НУ Народен театар-Битола продолжува со прикажување онлајн театарски претстави одиграни на матичната сцена.