Магазин 11. април 2020. / 11:35

Активиран вулканот Анак Кракатау во Индонезија

Активиран вулканот Анак Кракатау во Индонезија

Вулканот Анак Кракатау во Индонезија се активира и исфрли пепел во висина од половина километар. Жртви нема, изјвија денеска на локалната телевизија научници од Центарот за вулканологија и геолошки катастрофи.

Како што пренесуваат странските агенции, ерупцијата траела непрекинато од синоќа до утрово.

Властите прогласија предупредување од втор степен од максимум четири.