Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската полициска станиц,а каде даваат исказ за инцидентот што се случил попладнево по фудбалски меч во селото Волино, општина Дебрца, објавува телевизија Алфа.
Инаку Дебрца и селото Волино се наоѓаат на дваесетина километри од Охрид во правец на Кичево. Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.
Тие тврдат дека се работи за политички реваншизам, а МВР која го потврдува инцидентот вели дека се работи на расчистување на инцидент кој се случил по фудбалски меч од Охридската регионална лига.
На транспортот на тројцата жители на Волино претходела блокада на патот во селото затоа што жителите не дозволувале полицајците да го извршат транспортот на приведените.
Очевидци од Волино тврдат дека тројцата биле приведени дури откако со нив во полициското комбе влегол и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачевски како гаранција дека приведените ќе бидат пуштени веднаш откако ќе дадат изјави во СВР Охрид.
Истите извори тврдат дека причина за апсењето на тројцата Волинчани е тоа што на трибините се вееле знамиња со ѕвездата од Кутлеш, се скандирале навредливи слогани за премиерот Заев и се скандирале извици против новото уатавно име.
Инцидентот се случил на фудбалскиот натпревар ФК „Волино“ и ФК „Црнобуки“ и според очевидци малку недостасувало да се случи поголем судир помеѓу полицијата и навивачите и жителите на ФК „Волино“.
Во волино вечерва владее вознемиреност, од таму најава дека ако тројцата приведени не бидат веднаш пуштени, утре може да има блокада на регионалниот пат Кичево Охрид.
Од МВР информираат дека во моментов се земаат изјави од учесниците, известен е надлежен јавен обвинител и ќе се постапи согласно напаствијата од јавниот обвинител.