Хроника 15. јуни 2018. / 15:12

Жител на Арачиново е нападнат од сограѓанин поради недоразбирање во сообраќајот

Жител на Арачиново е нападнат од сограѓанин поради недоразбирање во сообраќајот

Жител на Арачиново бил физички нападнат кога заедно со неговата деветгодишна внука се симнувал од автобус.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил вчера околу 13:40 часот кога 33-годишниот Џ.Ш. слегувајќи од автобус од позади грб бил нападнат од А.Д. од Арачиново. При нападот, девојчето не е повредено.

Причина за нападот е недоразбирање во сообраќајот меѓу напаѓачот и нападниот што се случило истиот ден на булеварот „Крсте Мисирков“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.