Хроника 11. декември 2020. / 13:50

Зголемен бројот на физички напади во Тетово: Четири лица приведени во текот на вчерашниот ден

Зголемен бројот на физички напади во Тетово: Четири лица приведени во текот на вчерашниот ден

Тетовската полиција во текот на вчерашниот ден бележи зголемен број на пријави за физички напади поради кои се приведени пет лица. Две од пријавите се за семејно насилство.

-Триесетгодишна жителка на тетовско село вчера во 18 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг Ф.М. Во 20 часот и 45 минути пријавениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Околу 22 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(41) од Тетово, кој десетина минути пред тоа бил пријавен од неговата мајка дека се однесувал агресивно и им се заканувал на неговите родители и сопругата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Околу полноќ се приведени и две лица откако 35-годишник од Тетово ги пријавил дека го нападнале со тврд предмет.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.З.(38) од тетовски Копачиндол и 32-годишната И.Т. од Струга, кои претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, со тврд предмет го нападнале 35-годишниот тетовец А.К, соопшти СВР Тетово.

Се бележат и две пријави за напади за кои нема приведени. Четириесетгодишен жител од Мала Речица пријавил лице од Ларце, додека 31-годишник од градот во Јегуновце пријавил напад од 42-годишник од Сараќино. Полицијата за две пријави презема мерки за расчистување.