Жена се здобила со тешки изгореници откако и се запалила помошната просторија од викендица во Кратово.
Во 14.20 часот во Полициската станица Кратово, 66-годишната Л.П. од Кратово пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот на место викано „Лискавица“ во помошната просторија од викендица, на 59-годишната Л.К. настанал пожар, кој потоа се проширил на отворен простор. При гасење на пожарот Л.К. се здобила со изгореници на двете раце и на лицето, по што во Здравствениот дом Кратово и била укажана лекарска помош.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кратово пожарот бил изгаснат.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кратово.