Во вторникот околу 13.00 часот на паркинг простор на маркет во Кавадарци, непознато моторно возило управувано од непознат возач удрило во пешак В.С.(68) од Кавадарци, по што го напуштило местото. В.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Кавадарци каде и била укажана лекарска помош.
Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.