Хроника 20. февруари 2020. / 19:26

Жена почина откако врз неа падна дрво

Жена почина откако врз неа падна дрво

Жена им подлегна на повредите откако дрво падна врз неа. Како што соопшти МВР, вчера околу 11.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во атар на с.Октиси, Струшко, кај место викано „Мезериште“, С.Г.(57) од истото село била повредена од дрво кое паднало врз неа.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, каде што подлегнала на повредите.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Jавен обвинител, телото било предадено на обдукција.