Рано утрово во 5 часот и 58 минути земјотрес почувствуван во Скопје со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала. Најповеќе бил почувствуван во Скопје, Илинден Кадино и околните места, велат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил регистриран во 05 часот и 58 минути, со епицентар на 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.