Хроника 27. октомври 2018. / 16:43

Загина вработен во „Јасен“: Откажале сопирачките на службеното возило – еве зошто го кријат случајот!

Загина вработен во „Јасен“: Откажале сопирачките на службеното возило – еве зошто го кријат случајот!

Млад човек, вработен во јавното претпријатие „Јасен“, утрово, управувајќи со службено возило, откако му откажале сопирачките, загинал на лице место. Со ова јавното претпријатие за стопанисување и заштита на повеќенаменското подрачје управува Новица Зечевиќ, брат на Миле Зечевиќ, шеф на Републичкиот изборен штаб на СДСМ.

Според извори на „Економски лидер“ човекот кој е вработен во „Јасен“ утрово со комбе превезувал вработени во резерватот. Комбето, кое не било регистрирано, а во кое имало најмалку шест лица, во еден момент завршило во карпест дел, откако му откажале сопирачките.

„Јасен“ е целосно затворен, а увидот на лице место од екипи на МВР сеуште трае.

Останува нејасно зошто било дозволено да се управува со возило со неисправни сопирачки и дали директорот на „Јасен“ Новица Зечевиќ ќе понесе одговорност.

Инаку ЈП „Јасен“ е место каде што се наоѓаат бункерите во кои се сместува државното раководство во случај на војна и претставува важна безбедносна институција во државата.