Работник од Штип паднал при извршување на работни задачи во каменолом, по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Несреќата се случила вчера околу 7 и 45 часот, а случајот во СВР Штип бил пријавен од Клиничката болница во градот каде било донесено починато лице на возраст од 52 години.
Од увидна екипа од СВР Штип во содејство со ОЈО Штип и Трудов инспектор бил извршeн увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.