Премиерот Зоран Заев изрази жалење за трагедијата која што се случи попладнево на патот Тетово-Скопје, каде загинаа 13 лица, а четворица се борат за живот.
– Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани.
Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби.
Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски. – напиша премиерот на Фејсбук.