Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи ја осуди бруталноста од полициските службеници врз граѓани Роми. Тој смета дека таквото однесување на полицијата е срамно и дека е за секоја осуда.
За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.
Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна, напиша Заев на „Фејсбук“.