Премиерот Зоран Заев, ги посети повредените во тешката автобуска несреќа и упати зборови за поддршка.
Тој упати посебна благодарност до локалното население кое прво притрча во помош на настраданите веднаш по превртувањето на автобусот во бездна блиску селото Лескарци на автопатот Скопје – Тетово.
Премиерот искажа голема благодарност до здравствените работници, кои одговорија со брза и професионална интервенција.
Министерот за здравство, Венко Филипче, им упати благодарност на приватните клиники Неуромедика и Систина, кои несебично помогнале со возила и персонал за згрижување на тешко повредените.