Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на 1 јануари од 10 до 18 часот санкционираа 509 возачи при засилена акциска контрола за управување возило со брзина поголема од дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Притоа, додаваат, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 94 возачи за брзо возење, СВР Скопје евидентираше 80 казни, 70 санкции за брзо возење се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 61 на СВР Охрид, а една помалку (60) на подрачјето на СВР Куманово.
СВР Струмица регистрираше 59 казни, СВР Штип – 48 санкции, СВР Велес – 25, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 12 возачи.