МВР во текот на изминатото деноноќие евидентирало дека на во целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите ќе следуваат соодветни мерки.
Дополнително информираат дека по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 28 прекршоци.
-За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информира МВР.